10 декември, 2017

„Канда Коџа и Небојша“ пред Нова година порачуваат: „Мисли добро!“

Во новата 2018 година, „Канда Коџа и Небојша“ влегуваат со позитивни мисли и порачуваат: „Мисли добро“, бидејќи „сè ќе биде во ред“!

„’Мисли добро’ е трета песна од албумот што ќе го објавиме следната година. Песната, всушност, е една долга заедничка импровизација сведена на неколку минути, на која конечната форма и ја даде Оливеровата самоохрабрувачка мантра, а во поглед на снимањето, ’Мисли добро’ е исчекор во однос на звукот на бендот. Продукцијата во соработка со бендот ја направи Влада Буриќ, а видеото е дело на Иван Симиќ, гитаристот на групата ’Булет фор а бедмен’“, открива Ненад Пејовиќ, гитаристот на „Канда Коџа и Небојша“.

До следната средба со публиката во регионот… Мислете добро!

KKN Misli dobro



Врати се горе ↑