26 септември, 2017

„Канда Коџа и Небојша“ нè водат на „Јамајка“

Пред да нè одведат на спектакуларно концертно патување низ регионот, Канда Коџа и Небојша нè водат на „Јамајка“! Тие веќе наголемо го подготвуваат новиот студиски албум најавен со синглот „Прекиди поново“, а сега одлучија да претстават уште една нова песна.

„’Јамајка’ е втор најавен сингл од албумот чие излегување е планирано за следната година. Како и ’Прекиди поново’, снимена е во врбашкото студио ’Шамарчина’, со голема помош од домаќинот на студиото, Роберт Телчер, и со некои ситни доснимувања во Белград. ’Јамајка’ е и прва студиска копродукција со Владо Буриќ, нашиот тонец и продуцент на годинашното концерто издание на бендот“, изјави гитаристот Ненад Пејовиќ, откривајќи и кој е заслужен за динамичното видео што го придружува новиот сингл: „Како и повеќепати досега, на крајот на улицата со нас се упати и Лазар Сакан, кој ја собра расположената видео екипа што нè следеше во разни ситуации, а песната премиерно ќе ја изведеме на белградскиот концерт в петок, 29 септември.“

Покрај големиот концерт во Белград, кој ќе се одржи во Клубот на студенти по техника, во просторот во кој секогаш се враќаат со задоволство, „Канда Коџа и Небојша“ наскоро ќе заминат на регионална турнеја во чии рамки ќе ги посетат Загреб, Сараево, Љубљана и Нови Сад.

 



Врати се горе ↑