Настани mkc-rodendenf

11 јануари, 2013

Канда, Коџа и Небојша на роденденот на МКЦ

Младинскиот Културен Центар на 18-ти јануари го прославува јубилејот 40 години постоење, воедно одбележувајќи го Светскиот ден на уметноста. На прославата со наслов „Роденденот…“ која ќе се одржи во денсинг салата на МКЦ, во музичкиот дел од програмата ќе настапат македонските бендови Протагонист од Гостивар, Паркети од Битола, Д Далтонс од Скопје, Conquering Liоn од Тетово, како и гостите од Србија – белградскиот рок бенд Канда, Коџа и Небојша.

Во темелно реновираната галерија ќе биде поставена изложбата на фамилијата Коџоман I, II и III генерација. Ќе биде одржан поетскиот перформанс (ПЕСНИЛО), каде ќе учествуваат млади домашни поети, додека во Кино Милениум и Кино Фросина ќе се прикажува 24 часовен филмски маратон.
Настанот е со почеток од 20 часот, а влезот е слободен.


Врати се горе ↑