10 јуни, 2015

„Канда Коџа и Небојша“ го објавија видео записот за „Шта је са Тибетом?“

Српскиот состав „Канда Коџа и Небојша“ штотуку го објави својот нов видео запис за една од најпопуларните песни од актуелниот албум „Воља за ноќ“ (Одличан хрчак, 2014) – „Шта је са Тибетом?“. Видео записот беше премиерно прикажан на регионалниот канал на Ем-ти-ви во понеделникот, 8 јуни 2015 година.

„’Шта је са Тибетом?’ е трет видео сингл од албумот ’Воља за ноќ’ и претставува проширување на соработката со креативниот тим на белградскиот фестивал ’Резонејт’, односно со Марија Јелесијевиќ и Марија Шарац, кои ја потпишуваат режијата на видео записот. Ликовноста на овој видео запис го обележува истражувачкиот пристап на симболиката на ноќта и соништата, а тоа е пристапот којшто го имавме и ние работејќи на овој и на останатите песни од албумот. Првиот впечаток после премиерата на видео записот е дека песната ’Шта је са Тибетом?’ доби примерна визуализација, поинаква од нашите досегашни екранизации, со темни бои каков што е и моментот во којшто сме, но со силна желба за надминување на таквиот момент… дури и да е тоа преку јазикот на соништата“, вака членовите на „Канда Коџа и Небојша“ го доживуваат новиот видео запис, кој Ве очекува горе.

„Канда Коџа и Небојша“ е белградска петка чија музика обично се опишува како фузија од бројни жанрови, кои овие музичари ги истражувале од прекршувачката 1991 година. Потпирајќи се на талентот, интелигенџијата и љубовта како погонско гориво на своето делување, „Канда Коџа и Небојша“ се стекна со статус на предводници на рок музиката од нашите простори во времиња во коишто вредностите кои ги застапуваат и за кои се борат со својата уметност не значат ништо. Нивниот опстанок на сцената, популарноста која со секој нов албум сè повеќе расте, само ја потврдуваат нивната вредност и големина. Во претходните 10 години „Канда Коџа и Небојша“ одржаа повеќе од 600 концерти ширум регионот – од интимни клупски свирки до фестивалски настапи.

Сведочењето на неспоредливата лирика на Оливер Нектаријевиќ, првиот меѓу еднаквите, е искуство кое незапирливо се вовлекува под кожа, не оставајќи простор за рамнодушност. И понатаму учејќи на патот, бендот на секој настап го свири „концертот на својот живот“, кој го поништува наметнувањето на сеопштата беспомошност.

Актуелниот албум „Воља за ноќ“ критиката досега го опиша како повеќеслојна плоча која со секое слушање ќе Ви пружи нешто ново, а покрај интересните музички решенија и продукцијата на високо ниво, ги истакнува и исповедните текстови на Оливер Нектаријевиќ со несомнена литературна вредност.

Фотографии: Александар Зец



Врати се горе ↑