Настани a73b33ec-7330-4ee9-a73d-1a1a6634a6c3

26 јуни, 2015

Камповите на „Егзит авантурата“ на најубавата плажа на Дунав и на најдобрата плажа во Европа!

Оваа година една од најголемите атракции на „Егзит“ и „Си денс“ фестивалите е – песочната плажа! Сите кампери на „Егзит“ Авантурата ќе ги израдува овогодишната локација за „Егзит Вилиџ“ (Exit Village), односно најстарата, најголемата и според многумина најубавата песочна плажа по течението на Дунав, славното капалиште Штранд! Убедливо омилената локација за камперите во историјата на „Егзит“ фестивал, поради која своевремено дури и луѓето од Нови Сад поставуваа свои шатори, за да почувствуваат дел од единственото „Егзит Вилиџ“ искуство, и оваа година се враќа во полн сјај. Колку се легендарни фестивалските ноќи на Штранд, говорат искуствата на десетици илјади млади луѓе од целиот свет и бројни светски медиуми, кои долго по посетата на Нови Сад, сведочеа за убавините на дунавската Копакабана. Ултимативната летна авантура ќе продолжи во „Си денс“ кампот сместен на Јаз, славната јадранска плажа која највлијателниот светски туристички водич, „Лоунли планет“ (Lonely Planet) неодамна ја стави на прво место во листата на најдобрите европски плажи! „Си денс“ кампот се наоѓа на самиот брег, само 50м од морето, сред главните фестивалски збиднувања, поради што повеќекратно наградуваниот фестивал на Јаз, е единствен во светот.

Престојот во камповите на „Егзит“ авантурата за гостите од целиот свет ќе биде незаборавно искуство, кое дополнително ќе го прошири гласот ширум планетата за убавините на Нови Сад и Будва, како и нивните плажи Штранд и Јаз. Другарување на домаќините со луѓе од сите краишта на светот, ноќевање под отворено небо и целодневно капење ги очекува посетителите на „Егзит“ и „Си денс“ камповите, со што концептот за фестивалско летување на големата „Егзит“ авантура, станува уште попримамлив за туристите и медиумите од целиот свет!

„Егзит Вилиџ“ ќе биде отворен за сите сопственици на камперски нараквици од 7 до 14 јули, а „Си денс“ кампот е отворен од 13 до 20 јули. Цената за седумдневна пропусница по лице за секој од камповите во претпродажба изнесува 1.629 денари. Овие пропусници во Македонија се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) и преку www.mktickets.mk .

Продажбата на поединечните пропусници за камповите, но и нарачувањето на камперска опрема, која ќе ги пречека камперите на рецепцијата, можат да се извршат и преку сајтот www.exittrip.org. На сајтот на официјалната туристичка агенција на „Егзит“, се продаваат и бројни други пакети кои содржат сместување во камп, превоз, како и други сместувачки опции, а цените на аранжманите за вистинското фестивалско летување од 7 до 20 јули, на две песочни плажи, почнуваат од само 99 евра!

Покрај загарантираното место во кампот, на посетителите на „Егзит“ и „Си денс“ камповите, ќе им бидат обезбедени затворени тушеви со топла вода, тоалети, мијалници, разновидна понуда на храна и пијалоци, станици за полнење на електронските уреди, додека за нив ќе се грижи и персоналот на рецепцијата, стјуарди и волонтери. Костим за капење, крпи за плажа, очила за сонце и некој добар заштитен фактор – задолжителни! Незаборавното фестивалско лето во камповите на „ЕГЗИТ“ авантурата може да почне за 3, 2, 1, сега!

Влезници по стара цена само до 30 јуни!
Влезниците за „Егзит“ ќе чинат 3.599 денари, за „Си денс“ 2.550 денари и 4.299 денари за целата „Егзит авантура“, само до 30 јуни, по што нивната следна цена ќе биде за „Егзит“ 4.030 денари, за „Си Денс“ 3.200 денари и за „Егзит авантура“ 4.650 денари.

Во продажба се достапни и еднодневните влезници за фестивалот „Егзит“ по цена од 1.520 денари за секој ден поединечно. Овие и фестивалските влезниците се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) и преку www.mktickets.mk.



Врати се горе ↑