Аудио

13 февруари, 2018

„Камо тебе да те имам“ е новата песна на Лозано

Во пресрет на Денот на вљубените, Влатко Лозаноски одлучи да нè израдува со нова песна, која сосема очекувано има потенцијал да биде инстант-хит. „Кој те роди толку мила, толку слатка, толку фина, убава еј кажи ми да знам! Не ти треба тебе шминка, ти си моја Афродита убава, божја креација“, пее популарниот кичевчанец во темата насловена „Камо тебе да те имам“, чии автори се неговите долгогодишни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски.

„Сигурен сум дека и оваа песна ќе си го најде патот до публиката. Таа беше готова веќе подолго време, но со тимот одлучивме дека сега е вистинско време за неа. Имаме уште неколку готови песни кои наскоро ќе бидат промовирани“, откри Лозано.

Песната стигна заедно со симпатично текстуално видео, за кое се погрижи „Мистер кет ентертејнмент“ (Mister Cat ENTERtainment) и во кое се појавуваат ликови од видео-игри претежно од осумдесеттите, а со сето тоа можете да уживате во продолжение!



Врати се горе ↑