24 октомври, 2017

Камила Кабејо ја екранизираше својата „Хавана“

Некогашната членка на американската група „Фифт хармони“, Камила Кабејо штотуку го објави видеото за својот втор соло-сингл „Havana“, во кој гостува колегата Јанг Таг. Имајќи ја предвид популарноста на сапунските опери или теленовелите од Јужна Америка, 20-годишната кубанско-американска пејачка одлучи тоа да го вметне и во екранизацијата за инстант-хитот „Havana“.

Имено, таа и самата игра улога на хероина од популарна серија, но и срамежлива девојка која сонува за љубов како од теленовелите… Секако дека тука се и добродушната баба и злобната сестра, а дали Камила ќе ја пронајде својата љубов во „Хавана“ дознајте горе.

Инаку, ова е втор сингл во соло-кариерата на Кабејо, а воедно и прв најавен сингл за деби-албумот насловен „The Hurting. The Healing. The Loving“, кој се очекува на почетокот на следната година. Откако ја напушти матичната група во декември минатата година, Камила гостуваше во неколку песни на нејзини колеги, а во мај го објави деби-синглот Crying in the Club“, по кој следеше и соработката со Куејво, „OMG“.



Врати се горе ↑