Свет

29 март, 2019

Камила Кабејо гостува во новиот сингл на Алехандро Санз

Камила Кабејо периодов е видно отсутна од сцената, а причина за тоа е работата на нејзиниот втор соло-албум што ќе го наследи првенчето „Camila“. Сепак, младата ѕвезда можеме да ја слушнеме во новиот сингл на шпанската ѕвезда Алехандро Санз, за нас можеби најпознат по дуетот со Шакира за хитот „La Tortura“ (2005). Станува збор за темата насловена „Mi Persona Favorita“ или „Мојата омилена личност“, која пристигна како трет сингл од новиот албум на 50-годишниот музичар кој го носи насловот „El Disco“ и е закажан за 5 април.

View this post on Instagram

En el verano pasado Alejandro me llamó y me preguntó si podía viajar a Miami para hacer una canción juntos para su nuevo album. No es un secreto que he sido su fan toda la vida, y su propuesta me dejó petrificada, y sin poder esperar un minuto más para tomar el primer avión a Miami!!!!!!! 😩😩😩Alejandro, tu música ha sido la banda sonora de la vida de mi familia y de la mía, desde siempre, y ahora tengo el privilegio de llamarte mi amigo y collaborador ( aún no me lo creo!!!!! ). Hacer esta canción contigo ha sido algo muy especial y toda una aventura. Gracias por pensar en mi e invitarme a trabajar juntos!!! Yo le dedico esta canción a mi hermanita Sofi, quien Es “MI PERSONA FAVORITA”!!! Al fin podrán escucharla, yo estoy super emocionada !!!! Este es un momento magico !!! ❤️❤️❤️❤️

A post shared by camila (@camila_cabello) on

„Минатото лето Алехандро ми се јави и ме праша дали можам да отпатувам до Мајами за да снимиме заедничка песна за неговиот нов албум. Не е тајна дека сум негова обожавателка целиот мој живот и неговиот предлог ме остави без зборови, па едвај чекав да го фатам првиот лет за Мајами! Алехандро, твојата музика отсекогаш била саундтракот на мојот живот и на моето семејство, а сега ја имам привилегијата да те наречам мој пријател и соработник (што сè уште не можам да си поверувам!). Снимањето на оваа песна со тебе беше посебно и вистинска авантура. Ти благодарам што помисли на мене и што ме покани да работиме заедно! Оваа песна ѝ ја посветувам на мојата сестричка Софи, која е ’мојата омилена личност’! Премногу сум возбудена што конечно ќе ја слушнете! Ова е магичен момент!“, напиша 22-годишната пејачка и сопственичка на мегахитот „Havana“.

Како звучи оваа интересна соработка на Алехандро Санз и Камила Кабејо дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑