Македонија Videogame-soundtrack

12 декември, 2012

Камерниот оркестар на МРТВ номиниран за Греми

За првпат во 55-годишното постоење на Греми наградите, номиниран е саундтрак од видео игра, изведен од камерниот оркестар на Македонската радио телевизија. Композиторот е Остин Винтори, а саунтракот е од видео играта за Плејстејшн 3, „Journey“, која беше издадена оваа година.

Делото на 28-годишниот композитор е номинирано за најдобар саундрак на визуелни медиуми, а се натпреварува против филмските композитори Хауард Шор („Hugo“), Ханс Цимер („The Dark Knight Rises“) и Џон Вилијамс („Tintin“).

Саундтракот на „Journey“ стана најдобро рангираниот саундтрак на видео игра на сите времиња, а во петокот ја доби наградата за „најдобар оригинален саундтрак“ на доделувањето на Spike TV Video Game Awards.

Винтер изјавил дека воопшто не бил ни свесен за номинацијата сè додека не му честитал композиторот Кристофер Тин. Винтори ја следеше изведбата на Камерниот оркестар преку Скајп.

Погледнете како течеше снимањето.

Извор: onnet

 



Врати се горе ↑