23 октомври, 2014

Калуѓерката Кристина со преработка на хитот „Like a Virgin“ од Мадона

Благодарение на музичките натпревари како што се „Х Фактор“ и „Гласот (The Voice)“, талентирани луѓе на различна возраст и различни професии го најдоа својот пат до славата. Токму тоа се случи и со калуѓерката Кристина Скучиа, односно сестра Кристина, која ги воодушеви судиите во италијанската верзија на „The Voice“, изведувајќи го хитот „No One“ од Алиша Киз. Нејзиниот талент и ја донесе и победата, а како прв сингл деновиве беше објавена темата „Like a Virgin“, оригинално отпеана од Мадона.

Иако многумина сметаа дека изборот на песна е малку контроверзен, 26-годишната калуѓерка за италијанскиот весник „Авенире“ изјавила: „Ако го прочитате текстот, но без влијание од претходната изведба, ќе сфатите дека тоа е песна за моќта на љубовта која може да ги промени луѓето и да ги спаси од нивното минато.“ Црно-белиот видео запис се снимаше во Венеција, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе, додека на оригиналната верзија можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑