Македонија Kaliopi

9 октомври, 2013

Калиопи започнува со концертна турнеја за „Мелем“

По промоцијата на новиот албум „Мелем“ и летниот онлајн „Калиопи фан фестивал“, за Калиопи започнува можеби најактивниот период од годината, односно балканската турнеја во чии рамки ќе го претстави новиот материјал во земјите од поранешна Југославија. Првиот концерт е закажан за 23-ти октомври во босанскиот град Тузла, од каде што ќе продолжи во Сараево и Зеница, а веќе следниот месец се закажани и концертите во Белград и Загреб.

Датумите за концертите во Бања Лука и Мостар, како и завршниот концерт од овој дел од турнејата кој ќе биде на домашен терен во Скопје,  ќе бидат објавени наскоро.



Врати се горе ↑