Македонија k

6 февруари, 2016

Калиопи започна со снимање на евровизиската песна

Нашата годинешна претставничка на 61. издание на „Евровизија“, Калиопи заедно со својот долгогодишен соработник Ромео Грил веќе работи на евровизиската песна што ќе ја отпее во мај во Стокхолм. Пејачката ја соопшти веста деновиве на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од работната атмосфера во студиото.

Со претходниот евровизиски хит „Црно и бело“, пејачката ги освои срцата на бројни фанови на фестивалот ширум светот, кои беа воодушевени од веста дека таа повторно ќе биде дел од фестивалот, прогнозирајќи ѝ уште подобар пласман од претходниот. Засега сè уште не е познато во каков стил ќе биде новата песна, ниту пак за кога е закажана официјалната премиера, но се знае дека ќе биде изведена во втората полуфинална вечер на 12 мај.

Додека ја очекуваме премиерата на евровизиската песна, уживајте со нејзината изведба на евергринот „Бато“ за време на нејзиното неодамнешно гостување во српската емисија „Три боје звука“.

 



Врати се горе ↑