Македонија 1013738_10151736670738395_827115634_n

10 јули, 2013

Калиопи Ве кани да запеете на „Калиопи Фан Фестивал“

Калиопи ги прашува своите фанови: „Дали сте подготвени да запеете?“ Се избира најдобро кавер видео за некоја од песните од новиот албум „Мелем“!

Kaliopi Fan Festival е вистинско освежување ова лето, организирано од страна на Kaliopi Music Production, осмислен со цел за забава и дружење на бројните обожаватели и љубители на музиката на Калиопи ширум светот. Фестивалот ќе се одржува online, има забавен карактер и e фокусиран на друштвените мрежи, пред сè на официјалната Калиопи Фејсбук фан страница, официјалниот ЈуТјуб канал, Твитер и Инстаграм.

Фестивалот ќе се одвива во три дела

Прв дел – од 9-ти јули до 25-ти јули. Во тој период, на официјалната Фејсбук фан страница сите обожаватели ќе имаат можност да гласаат и да го дадат својот предлог за три најомилени песни од албумот „Мелем”.

Линк за гласање

 

Втор дел – од 25-ти јули до 25-ти август. Трите избрани песни кои ќе добијат најмногу гласови, ќе бидат поставени на официјалниот Калиопи ЈуТјуб канал како караоке верзии кои обожавателите ќе можат да ги превземаат и да ги користат за снимање на своите интерпретации.

 

Трет дел – од 25-ти август до 10-ти септември. Во овој период сите снимени кавер видеа испратени до Фестивалот ќе бидат поставени за гласање на официјалната Фејсбук фан страница. Гласањето за надобро кавер видео завршува на 10-ти септември, точно напладне.

 

За најдобрите тројца учесници на Kaliopi Fan Festival следуваат награди:

I награда –  Викенд на некоја дестинација во Македонија, запознавање и дружење со Калиопи;

II награда – VIP третман, влезници и присуство на backstage на еден од големите концерти на Калиопи, планирани за оваа есен;

III награда – Албумот „Мелем” и бројни аксесоари со посвета од Калиопи.

 

За сите подетални информации, посетете ја официјалната фан страница на Калиопи

 



Врати се горе ↑