8 јуни, 2015

Калиопи со нов сингл и видео запис за „Пожели“

Докажано реализираниот музички тандем Калиопи – Ромео Грил ни претставува уште еден исклучителен хит-сингл насловен „Пожели“! После одличниот прием на песната „Мојот дом“, која на големо го освои балканскиот етер, бројните обожаватели на Калиопи можат да уживаат во уште еден потенцијален поп-рок хит, креиран во стилот на општо саканиот евровизиски сингл „Црно и бело”.

Оваа врвно продуцирана нумера својата премиера стандардно ја имаше на социјаните мрежи и официјални канали на Калиопи – Јутјуб, Фејсбук и Твитер. Песната „Пожели“ е снимана и миксана во „ГМП студио“ во Базел и „М1 студио“ при МРТ во Скопје, а мастерингот е правен во „МСМ студио“ во Минхен.

Синглот го следи и интересен видео спот снимен во Скопје, за чија реализација беше задолжена повторно екипата на „Томато продукција“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑