Македонија

14 јануари, 2017

Калиопи со мини балканска турнеја

На 28 декември Калиопи ја заокружи 2016 година, но и петтата деценија од својот живот со синглот насловен едноставно Роденден, а во февруари ќе замине на мини балканска турнеја што ќе опфати неколли градови од Хрватска и Босна и Херцеговина.

Походот ќе започне на 13 февруари во хрватската престолнина, а на денот на вљубените и на виното, со Калиопи ќе уживаат нејзините обожаватели од Тузла. Следната станица е „Бански двор“ во Бања Лука, каде што пејачката ќе настапи на 15 февруари, на 16 ќе пее во Мостар, на 17 во Зеница, а на 18 во Сараево.

16002771_10155009687743395_3703943916579096223_n

Поп дивата ја сподели веста на социјалните мрежи, но со оглед на тоа што љубителите на нејзината музика од целиот Балкан со нетрпение ја очекуваат во својот град, се надеваме дека турнејата ќе биде проширена со нови датуми и локации.

Покрај роденденскиот сингл, Калиопи е сè уште актуелна и со преработката на хитот „Кестен“ од некогашната српска група „Алиса“, која ја сними во рамките на проектот „Ѕвездите ги пеат ѕвездите“ на српското радио „Ес“. 



Врати се горе ↑