Галерија 555557_10151986780523395_627833084_n

30 октомври, 2013

Калиопи сними видео запис за „Локомотива“

Македонската дива Калиопи неодамна ја започна својата балканска турнеја во чии рамки го промовира својот нов албум „Мелем“, а по трите концерти во Босна и Херцеговина, пејачката се врати во Македонија и деновиве го сними својот нов видео запис за новиот сингл „Локомотива“, со кој симболично го означи почетокот на турнејата. Видео записот се снимаше на една железничка станица, која за потребите на видеото го доби името Калиопино, а режисерската палка беше во рацете на Огнен Шапковски.

Фотографиите од снимањето беа објавени на нејзината официјална страница на Фејсбук, а како се снимаше „Локомотивата“ на Калиопи, чија премиера се очекува наскоро, можете да видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑