Македонија RadioMk-kaliopi

9 април, 2013

Калиопи како дел од првата Синалко конференција во Македонија

На 06.04.2013 (сабота) се одржа големата Синалко Конференција за партнери  која традиционално секоја година го собира менаџментот и застапниците на овој бренд од целиот свет. На задоволство на компанијата „Кожувчанка“ – Кавадарци која е ексклузивен застпаник и дистрибутер на овој бренд, конференцијата за запознавање на бизнис стратегијата за 2013 година на Синалко производите за прв пат се одржа во Република Македонија. На конференцијата освен претставници од менаџментот на „Кожувчанка“, присуствуваше и нашата музичка ѕвезда Калиопи.

Претставувањето на идните програми за брендот се одржа во Хотелот Александар Палас каде пред македонските медиуми се обрати и Генералниот менаџер на Синалко Интернешнал, г-н Монги Гунди кој го истакна своето задоволство во рамките на одличниот пласман на Синалко производите на македонскиот пазар и одличната соработка со „Кожувчанка“ – Кавадарци.

На конференцијата пред новинарите, генералниот менаџер на „Кожувчанка“, г-н Митко Јанчев ја потенцираше успешната соработка со овој светски бренд на сокови. „Синалко“ соковите се наоѓаат на врвот меѓу најдобрите три газирани сокови во нашата држава, а продажбата од 30 милиони литри годишно ја издвојуваат компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци како лидер во продажбата по глава на жител во регионот, рече сопственикот на компанијата „Кожувчанка“, Митко Јанчев.

На официјалната конференција се претстави и заменик министерот за економија г-н Христијан Делев. Тој пред партнерите на Синалко од целиот свет преку презентација ја промовираше поволната бизнис клима во Р. Македонија.

Тридневната промоција на нашата држава и подготвеноста на македонските компании да се доближат рамо до рамо со светските, „Кожувчанка“ ДОО – Кавадарци го оправда членството. Тие ја посетија фабриката во Кавадарци, каде сите присутни партнери од целиот свет имаа простор да го следат стандаризиранот процес на полнење на соковите од палетата на Синалко. – „Успешната работа на оваа кавадаречка компанија која од 2005 година е официјален застапник и дистрибутер на широката палета на пијалаци на „Синалко“ наменети за македонскиот пазар беше и директниот повод годишната конференција  на ова германска компанија да се одржи во Македонија, со посета на  просториите на оваа мала но модерна фабрика  – изјави генералниот менаџер на „Синалко Интернешнл“, Монги Гунди.

Генералниот менаџер на  “Кожувчанка”, Митко Јанчев,  на седумина успешни менаџери на „Синалко“ од целиот свет им  врачи благодарници за успешната соработка.

Фото: Иноватива Груп | А. Аговски



Врати се горе ↑