Македонија 1907470_10153194701053395_8919359164374373803_n

13 март, 2015

Калиопи најави нов сингл

Калиопи деновиве вредно работи на нејзиниот нов сингл, кој би требало да биде претставен наскоро. Познатата пејачка повторно влезе во студио со нејзиниот поранешен сопруг, Ромео Грил, со кој ја обнови соработката за евровизиската „Црно и бело“ и последниот албум „Мелем“. Со оглед на тоа што од нивната соработка се родија можеби најголемите хитови во кариерата на Калиопи, не се сомневаме дека ќе ни подарат уште многу заразни рефрени.

„Драги мои, вредни сме, снимаме – наскоро нов сингл!“, порача пејачката објавувајќи фотографии на коишто може да се види работната атмосфера во студиото.

И.Ј. / Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑