Балкан kaliopi_pic_62

21 ноември, 2012

Калиопи ќе оди во Белград да го запознае малиот Лука

Откако во првата емисија од шоуто „Јас имам талент“ младиот кандидат Лука Стојичевиќ се претстави со евровизиската „Црно и бело“ од Калиопи, младото момче стана вистинска сензација. Лука изјави дека многу би сакал да ја запознае Калиопи, па желбата веројатно ќе му се исполни, бидејќи како што пренесува српски „Блиц“, поп дивата дознала за него и со задоволство ќе се запознае со него.

Кога го побарале на телефон, Лука не можел да се соземе од среќа од сознанието дека ќе ја запознае Калиопи и дека ќе му се исполни сонот. Како што пишува „Блиц“, интересно е тоа што шоуто не се пренесува во Македонија, а Калиопи за младото момче дознала од нејзините пријатели од Белград.

Поп дивата изјавила дека ја погодил фактот што мотивот на Лука не е наградата, туку желбата да ја запознае.  Таа додала дека ова и е најубавиот комплимент кој можела да го добие и неговата искреност многу ја израдувала. Сигурно е дека нивната средба ќе биде возбудлива и полна со емоции.

„Не знам чија среќа ќе биде поголема. Лука има феноменален глас и единствено што може човек да му посака е правилно развивање и едукација на неговиот талент“ – додала Калиопи.

 



Врати се горе ↑