Аудио kaliopi

19 октомври, 2013

Калиопи ја најави турнејата „Мелем“ со „Локомотива“

Следниот сингл од актуелниот албум „Мелем“ кој Калиопи го претстави порано годинава е темата „Локомотива“ со кој нашата поп дива симболично го најавува тргнувањето на музичкиот воз на релација Скопје – Тузла – Сараево – Зеница – Белград – Загреб, зад која се крие нејзината турнеја насловена „Мелем“.

Критичарите овој албум го гледаат како круна на нејзината повеќедецениска кариера, а во рамките на промотивната турнеја која ќе опфати градови од просторот на поранешна Југославија, ќе биде закажан и голем концерт во Скопје. Во продолжение уживајте со „Локомотивата“ на Калиопи.

 



Врати се горе ↑