5 мај, 2015

Калиопи го претстави „Мојот дом“

Калиопи на својата бројна публика ѝ го подари новиот сингл „Мојот дом“, којшто, судејќи по првичните рекции на слушателите, се очекува да стане голем хит. Синглот вчера, заедно со неговиот видео запис, беше премиерно објавен на службените социјални мрежи на Калиопи – Facebook, Youtube и Twitter, а веднаш потоа прозвучи и низ медиумскиот етер ширум Балканот.

„Само затвори очи и силно гушни ме, не предавај се, оваа љубов твој е дом”, пее Калиопи во својата песна произлезена повторно од работилницата на Ромео Грил, кој ја потпишува музиката, аранжманот и продукцијата на песната, а за текстот е заслужна самата Калиопи.

„Мојот дом“ се снимаше и миксаше во ГМП студио во Базел и М1 студио во Скопје, а мастерингот се правеше во МСМ студио во Минхен. Песната веднаш доби и свој видео запис, кој во реализација на екипата на „Томато продукција“ се снимаше во Скопје.



Врати се горе ↑