Македонија Baner 1280 x 720 video

22 август, 2013

Калиопи Фан Фестивалот продолжува понатаму

Kaliopi Music Production и фан страницата на Калиопи  Ви го претставуваат Калиопи Фан Фестивалот како вистинско освежување за топливе летни денови. Се избира најдобро караоке за некоја од песните од новиот албум „Мелем“. Фестивалот се одржува oнлајн, има забавен карактер и се одвива во три дела. Фокусиран е на друштвените мрежи, пред сè на официјалната фан страница на Калиопи на Фејсбук, на Твитер, како и на ЈуТјуб и Инстаграм.

Во првиот дел којшто траеше до 25-ти јули, по пат на гласање, обожавателите ги одбраа трите песни од албумот  „Мелем“ за кои би сакале да снимат своја караоке интерпретација, а тоа се песните „Мелем“, „Мрвица“ и „Вучица“.

Во вториот дел којшто ќе трае до 25-ти август, трите избрани песни се поставени како караоке верзии на официјалниот ЈуТјуб канал на Калиопи и фановите можат оттаму да ги преземаат и да ги користат за снимање на своите караоке интерпретации.

Третиот дел од фестивалот, кој ќе трае од 25.08 до 10.09.2013, се состои од гласање за снимените и испратени видеа, кои ќе бидат поставени за гласање. За најдобрите тројца учесници следат вредни награди:

I награда – викенд на дестинација во Македонија, запознавање и дружење со Калиопи;
II награда – VIP третман, влезници и присуство во Backstage на еден од големите концерти на Калиопи планирани за оваа есен;
III награда – албумот „Мелем“ и бројни аксесоари со посвета од Калиопи.

Калиопи – „Мрвица“ (караоке)

 
Калиопи – „Вучица“ (караоке)

 
Калиопи – „Мелем“ (караоке)



Врати се горе ↑