Видео

5 ноември, 2018

Калиопи доби „Пресуда“

По кусата пауза од музичката сцена, Калиопи конечно има нова песна. Станува збор за уште една емотивна балада насловена „Пресуда“, која повторно произлезе како резултат од долгогодишната соработка со нејзиниот некогашен сопруг Ромео Грил. Тој се потпишува како комплетен автор и продуцент на оваа песна, чие снимање се одвивало во студијата „ГМП“ во Базел (Швајцарија) и „Морис“ во Загреб, додека сниматели биле Дон Карло Џовани и Филип Видовиќ, кој стои и зад миксот и мастерингот.

Имајќи ги предвид последните песни на Калиопи, кои се отпеани на српско-хрватски јазик, очигледно е дека поп-дивата е повеќе посветена на регионалната сцена, редовно настапувајќи низ некогашните Ју-простори, а на 23 ноември ќе одржи и голем концерт во белградскиот „Сава центар“.

Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да слушнеме нешто и на македонски, а дотогаш уживајте со нејзината нова „Пресуда“, визуелно доловена од продукцијата „НН медија“.

 



Врати се горе ↑