Балкан

7 декември, 2016

Калиопи дел од жирито во српската емисија „Никогаш не е доцна“

Нашата поп дива Калиопи беше член на жирито на една музичка емисија и беше заслужна за прекрасната атмосфера за време на снимањето. Таа како дел од жирито на „Никогаш не е доцна“, заедно со Саша Милошевиќ Маре и Саша Матиќ, уживаше во извонредните изведби на пејачите. Емисијата беше преполна со позитивна енергија и одлични вокали.

За одличната енергија на последната емисија од првиот круг се погрижи и Бора Чорба од групата „Рибља чорба“, кој беше поддршка на еден кандидат од Пријепоље. Но атмосферата го достигна врвот кога Лепа Брена запеа во дует со нејзиниот брат.

Емисијата може да ја погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑