Свет 121116b_justin_bieber_selena_gomez

21 ноември, 2012

Какво раскинување? Бибер и Селена сè уште се заедно

За пар кој наводно раскинал, Џастин Бибер и Селена Гомез поминуваат многу време заедно. Особено на јавни места, како што се рестораните каде што папараците постојано ги фотографираат. Парот наводно во понеделникот вечерал во ресторан во Лос Анџелес, еден ден по доделувањето на Американските музички награди, каде што Бибер се појави сам.

Иако периодов постојано се шпекулира за статусот на нивната врска, ниту еден од славната двојка не се изјаснил на социјалните мрежи како стојат работите помеѓу нив. Како што пишува Popcrush, тие се јавни личности и нормално е фановите да се интересираат и за нивниот приватен живот. Се надеваме дека наскоро ќе се дознае дали овие две тинејџерски ѕвезди имаат проблеми во врската, па конечно да можеме мирно да спиеме!

 

 



Врати се горе ↑