Видео 12032062_10153951880343888_8444624618130802862_n

12 февруари, 2016

Како звучи хитот „Sorry“ од Џастин Бибер кога го читаат други ѕвезди

Со мегахитот „Sorry“, Џастин Бибер успеа да се искачи на врвот на речиси сите топ-листи ширум светот, а сега имаме можност да го слушнеме во малку поинаква верзија. Имено, списанието „Венити фер“ (Vanity Fair) на минатомесечниот филмски фестивал „Санденс“, доби идеја да собере 29 познати личности и да им даде задача да ги читаат стиховите од оваа песна.

Ник Џонас, Џуд Апатоу, Џон Красински, Џон Леџенд, Октавија Спенсер, Кејт Бекинсејл се само дел од оваа ѕвездена екипа, а резултатот е мошне интересен. Како звучи и изгледа сето тоа погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑