Балкан 537694_10151565239207053_1207237971_n

15 март, 2013

Како Северина се подготвува за претстојната турнеја

Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ редовно ги известува нејзините фанови за секој нејзин чекор. Од промотивни фотографии, текстови од песни до премиери на видео записи. По издавањето на нејзиниот нов албум насловен „Добродошао у клуб“, Северина најави голема турнеја во чии рамки ќе биде и концертот во Македонија, закажан за 13-ти април во арената „Борис Трајковски“. „Бајката во четири чина“ е во режија на познатиот словенечки режисер Томаж Пандур, кој изјави дека ова е прв негов проект надвор од театарот, а за кореографијата Севе го ангажирала кореографот Анже Шкрубе, кој работи во Европа и Америка.

Како течат подготовките за претстојната турнеја можете да видите во видео клипот, како и дел од фотографиите објавени на нејзината официјална фан страница на Фејсбук.

 

 



Врати се горе ↑