Македонија 532859_432520970098262_138701254_n

2 јуни, 2013

Како се снима во студиото на Роберт Билбилов?

Знаеме дека во студиото на еден од нашите најдобри музичари и продуценти секојдневно се подготвува нешто ново. Но, помеѓу работата на песни за бројни колеги од Македонија и Балканот, Роберт Билбилов конечно ќе нè израдува со нов хит. Деновиве претстави едно интересно видео кое претставува мал вовед во она што наскоро ќе можеме да го слушнеме и видиме од него.

Станува збор за песната „Ти се промени“, во која гостува Дон. За музиката и аранжманот секако се погрижи самиот Билбилов, а текстот го потпишуваат Марко Маринковиќ Слаткаристика и Анета Качуркова, а рап делот го напиша  Дон. За овој нов хит деновиве се снима и видео запис, а каква беше атмосферата за време на снимањето во студио можете да видите во следното видео.

 



Врати се горе ↑