Видео 1н1.т

17 март, 2016

Како се роди хитот „Тажна љубов, среќна песна“?

Можеби на „Макфест 2014“, песната „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара не освои ниту една награда, но затоа веќе следната година беше прогласена за најслушана песна меѓу два фестивала, а беше прогласена и за апсолутен радиски хит на „МАРС 2014. На истата манифестација, Игор Џамбазов, кој ги напиша прекрасните стихови, ја доби и наградата за најдобар текст, но речиси две години подоцна дознаваме како се роди овој евергрин.

Имено, во неодамнешното гостување на Тамара во емисијата Еден на еден“, пејачката откри дека оваа песна била првично наменета за нејзиниот колега Александар Тарабунов, а на стиховите чекале цели три месеци бидејќи Игор „чекал да му дојде“. Кога и како му дошол текстот дознајте во продолжение.

Во емисијата Тамара зборуваше и за нејзиниот брачен живот, за бременоста, а меѓу другото откри и дека добила понуда албумот „Еден ден“ да го сними на српски јазик. Доколку го пропуштивте нејзиното гостување во „Еден на еден“, истото Ве очекува овде. За крај уживајте и со новата пародија на овој мегахит!



Врати се горе ↑