Македонија 969045_511180262287304_1574795694_n

13 август, 2013

Како помина првиот концерт на Виктор? (Фото и видео)

По објавувањето на новата песна и видео запис „Најважно од сè“, на 13-ти јули Виктор го одржа својот прв солистички концерт во античкиот театар Хераклеја во Битола. Поради техничките проблеми на продукцијата задолжена за снимање на концертот, извлечени се само неколку снимки од целиот настан, но доволно за да се долови атмосферата. Концертот беше во рамките на Бит Фест, поддржан од градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески, БиМилк и кабелската телевизија БТВ. Гости беа идолите Јана Бурческа, Христијан Тодороски, Биљана Ѓошева и Мики Секуловски. Дел од нивните видеа се постирани на ЈуТјуб каналот на Виктор Апостоловски, а останатите ќе бидат постирани деновиве.

„Концертот беше долго очекуван, исто како што е очекуван и мојот прв албум, но сега конечно можам да речам дека работите тргнуваат на подобро и после концертов го најавувам мојот прв албум оваа есен! Сè уште не го знам точниот датум, но и покрај сè што ми се случи последниов период, снимањето е во тек, се работи со полна пареа и резултатот ќе биде конечно готов некаде кон средината на оваа есен. Пред да излези албумот, следниов месец ќе промовирам уште една песна заедно со видео запис, но за тоа нешто подоцна. Им благодарам на сите што го поддржаа настанов и што секогаш ме поддржуваат, исто така и на моите колеги и пред сè другари кои гостуваа на концертот и се надевам на сè повеќе вакви големи дружби!“ – вели Виктор.

Во продолжение погледнете ги изведбите на Виктор со хит синглот „Mirrors“ од Џастин Тимберлејк, Христијан Тодороски со „Зашто правиш слона од мене“ од Дино Дворник и Биљана Ѓошева со „Збуњена“ од Негатив, а сите фотографии можете да ги видите на фан страницата на Фејсбук.

 

 

 



Врати се горе ↑