20 март, 2015

„Како од бајки“ е новата песна на групата „Водолија“

„Како од бајки“ е насловот на новата песна на групата „Водолија“, која вчера беше претставена заедно со видео запис. Песната е комплeтно авторско дело на фронтменот Ристо Апостолов, а режисер на спотот е Владимир Пeтровски- Картер.Во екранизацијата на новата песна се појавуваат и Бoјан Митановски, басистот во бендот, и младата тапанарка Весела Димеска.

Ова е една од трите субвенционирани музички теми на рокерот Апостолов. Ристо два пати и самиот беше член на комисијата која оценуваше кои песни ќе добијат субвенции, па затоа кога тој самиот конкурирал знаел кои се критериумите. Иако си го задржа својот препознатлив стил, песната овој пат е мошне покомерцијална.

Инаку, како автор Ристо доби субвенции за три песни. Ова е една од нив, другите две се готови, само се чека кога ќе и бидат претставени на публиката во наредните два месеци.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑