„Како некогаш“ е новата песна на „Морал“ и Тамара
Познатата рок група „Морал“ се враќа на музичката сцена со баладата „Како некогаш“, најавувајќи го и својот нов албум, кој после цели 12 години ќе го наследи нивното последно студиско издание „Кога патувам“. Во новата песна, која е комплетно авторско дело на басистот и лидер на бендот, Славчо Стојановски, гостува Тамара Тодевска, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!