Аудио nm

19 јули, 2015

„Како лијепа си“ е првиот сингл на Никола Марјановиќ од „Х фактор“

Иако го напушти натпреварот веќе во втората недела од финалните вечери во живо, талентираниот хрватски музичар Никола Марјановиќ нема да се обесхрабри и да запре со музиката. Како што Ви пренесовме порано, 37-годишниот Марјановиќ зад себе има веќе огромно музичко искуство, меѓу другото и како дел од групата „Сејн“, која за својот прв албум соработуваше со легендарниот Крис Рудик („Раш“, „Нирвана“, „Бернејкед лејдис“ и др.).

Благодарение на искуството во „Х фактор“, Никола сега сигурно има мошне поголема публика од целиот регион, која ќе го следи во сите негови понатамошни проекти, а дека допрва ќе слушаме уште многу од него, зборува и фактот што неодамна потпиша договор со издавачката куќа „Менарт“, која ќе се грижи и за кариерата на актуелниот победник на „Х фактор“, Амел Ќуриќ.

Како почеток на неговата соло кариера, Никола деновиве го претстави својот прв самостоен сингл насловен „Како лијепа си“, чии автори се Дино Османагиќ (музика и текст) и Кристијан Кошќица (аранжман и продукција), а интересниот текстуален видео запис е дело на Дадо Покец. Како звучи ова самостојно првенче на Никола можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

И.Ј.

 



Врати се горе ↑