Свет eminem-2013-wallpaper

23 септември, 2013

Како ќе изгледа новиот албум на Еминем?

По подолга пауза, познатиот рапер Еминем неодамна претстави две песни – „Survival“ и првиот официјален сингл од новото издание, песната „Berzerk“, a за осмиот студиски албум насловен „The Marshall Mathers LP 2“ деновиве стигна и фотографијата која ќе се најде на неговата обвивка. Изданието е всушност продолжение на неговиот албум „The Marshall Mathers LP“ од 2000 година, а врската помеѓу двете изданија ја одразува и самиот изглед на обвивката, на која може да се види фотографија од куќата во Детроит каде што раперот го поминал своето детство и која неодамна е ставена на аукција.

Од тоа што можевме да го слушнеме и видиме од раперот во изминатиот период, Еминем навистина се навраќа кон своите почетоци, како со звукот, така и со имиџот. Неговиот осми студиски албум е закажан за 5-ти ноември, а како продуценти на ова издание се потпишуваат Рик Рубин, Д-р Дре и диџеј Премиер.

Обвивката на „The Marshall Mathers“ од 2000 година (долу)



Врати се горе ↑