Видео

29 април, 2016

Како изгледаше аудицијата на Ален Хасановиќ на „Македонски идол“

И покрај тоа што најмногу се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, талентираниот прилепчанец Ален Хасановиќ се обидуваше да ја изгради својата кариера многу одамна, и тоа тука, во Македонија. Сигурно многумина не се ни сеќаваат дека тој беше дел и од првиот и единствен „Македонски идол“, од каде што произлегоа бројни музички имиња (Мики Секуловски, Виктор Апостоловски, Иван Радевски и др.), но за жал Ален немаше многу среќа во овој натпревар, а како изгледаше неговата аудиција пред жирито составено од Игор Џамбазов, Калиопи и Тони Михајловски можете да се потсетите во продолжение.

Иако не успеа да привлече големо внимание во оваа емисија, како и на многу други, така и на Хасановиќ среќата му се насмевна надвор од Македонија, па сега е популарен во целиот регион. Зад себе има повеќе хитови, меѓу кои и неодамна објавениот „Иди буди свачија“, на кој можете да се потсетите овде.



Врати се горе ↑