Македонија 945481_10151353941242391_643969286_n

11 мај, 2013

Како изгледа „Срцето“ на ДНК?

Р&Б дуото ДНК неодамна го најавија нивниот нов албум, кој ќе биде пуштен во продажба на 22-ри мај, а момците деновиве го открија и насловот на новото издание. Имено, наследникот на „Кажано е сè“ од 2011 година ќе го носи насловот „Срце“, а наскоро ќе пристигне и првиот сингл „Старлета“, за кој се снима и видео запис.

Покрај подготовката на албумот, момците направија неколку заеднички песни со нивните колеги. Едната половина од дуото, Панчо гостуваше во новиот сингл на Сара Маркоска – видео записот за песната „Зелено светло“ имавте можност да го видите пред неколку дена, а ги слушнавме и песните „Моето маало“ со Елена Ристеска и „Безобразно лажам“ со Дарио.

Според она што може да се забележи од фотографијата објавена на нивната фејсбук фан страница (види горе), на албумот ќе се најдат веќе познатите „Авион“, „Диско Џунгла“ со Маја Саздановска„Нисам глуп“ со Марко Ѓуровски, „Од утро до мрак“ со Магдалена Цветкоска Ена, „Дада“, како и неколку нови песни, а како ќе изгледа „Срцето“ на ДНК и новиот видео запис за „Старлета“, можете да видите во продолжение.

Андреј и Панчо како ѓубреџии во видео записот за „Старлета“

Извор и фотоФејсбук страница на ДНК



Врати се горе ↑