25 ноември, 2015

Како изгледа кога Тамара ќе налета „Баш на тебе“

Петнаесет години по објавувањето на нејзиниот прв сингл, овој петок, 27 ноември, денот на големиот концерт на Тамара Тодевска во СЦ „Борис Трајковски“!

Изненадувања, емоции и хит рефрени – ќе бидат лајтмотив на претстојниот концерт. Замислете само колку моќно ќе звучи „Тажна љубов, среќна песна“ кога ќе ја пеат илјадници луѓе! Возбудата расте и поради најавените настапи на бројните гости и пријатели  на Тамара, Игор Џамбазов, Раде Врчаковски-Врчак, ДНК, Влатко Илиевски, Даниел Кајмакоски и нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ.

Последниве денови се во знакот на успехот за Тамара. На Македонскиот радиски фестивал „МАРС 2015“, „Фрази љубовни“ на Тамара и  ДНК им донесе награди за Апсолутен радиски хит на годината и најдобра соработка„Горила филмс“ го промовира и најновиот видео запис за темата „Баш на тебе“, во режија на Горан Костадинов. Директор на фотографија е Кристијан Теодоров. Музиката и стиховите за оваа композиција ги напиша Игор Џамбазов, а аранжманот го направи Роберт Билбилов.

Концертот е скоро распродаден, а влезниците за настанот забрзано се продаваат преку продажната мрежа на www.mktickets.mk, а можете да ги набавите и на следниве локации:

Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Југотон ГТЦ 1 кат
Универзална Сала – Скопје
Тобако – МПМ ПРЕС
Тобако Дрводекор
Тобако 2 – Скопјанка
Тобако Супер 8
Њу Тобако – Охрид,
Оранж Тобако – Тетово

Не ја пропуштајте можноста да уживате во овој  врвен  музички настан за кој долго ќе се зборува!



Врати се горе ↑