Видео Screenshot_11

5 септември, 2017

Како Ивана Коскоска нема друга!

По којзнае кој пат ќе се повториме, но Македонија навистина е расадник за музички таленти, а уште еден доказ за тоа е младата охриѓанка Ивана Коскоска, која нè воодушеви со одличната преработка на летниот хит на Лозано, „Како тебе нема друга.

17757543_293227544446746_2694574106509061170_nСо сограѓанинот музичар, продуцент и режисер Даниел Јовески на „Охрид суперстар“

Screenshot_8-1

Талентираната пејачка учествуваше во охридското талент шоу „Охрид суперстар“, а за нејзиниот ангелски глас заслужено може да го носи епитетот суперѕвезда. Знаеме дека македонската публика допрва ќе слуша за Ивана Коскоска, а ќе се согласите и вие штом ја слушнете нејзината прекрасна изведба. Уживајте!

Фотографија: Фејсбук

 



Врати се горе ↑