Свет JenniferLopez2000

9 април, 2015

Како фустанот на Џеј Ло го промени светот

Ако досега не сте знаеле какво влијание има Џенифер Лопез на светот во којшто живееме, сега е моментот да дознаете. Познатата пејачка и нејзиниот (уште попознат) фустан од Версаче, кој го носеше на доделувањето на Греми наградите во 2000 година, беа толку впечатливи што сите би требало да им сме благодарни.

Имено, извршниот директор на компанијата „Гугл“, Ерик Шмидт, во неодамнешен разговор за „Проџект синдикејт“ (Project Syndicate) открил дека токму поради тој фустан гигантот го осмислил сервисот за пребарување на фотографии „Гугл имиџис“ (Google Images)!

„Луѓето сакаа повеќе од текст“, објаснил Шмидт, додавајќи: „Тоа за прв пат ни стана јасно токму во 2000 година, после доделувањето на Греми наградите, каде што Лопез го носеше тој зелен фустан, којшто го привлече вниманието на целиот свет.“

Тие денови „Гугл“ го забележа најголемото пребарување на поими дотогаш, а поголемиот дел од нив беа поврзани токму за фустанот на Џеј Ло: „Но, тогаш сè уште не можевме веднаш да им го понудиме на корисниците она што го бараа – Џеј Ло во тој фустан. Е тогаш беше создаден ’Google Image Search’.“

 



Врати се горе ↑