Видео hqdefault

26 јануари, 2016

Како децата реагираат на Адел?

Албумот „25“ и понатаму се продава подобро од поголемиот дел актуелни албуми, а Адел вредно работи на новата турнеја, што значи дека ни оваа година нема да можеме да побегнеме од нејзиниот моќен глас. Статистиката покажува дека меѓу нејзините фанови најбројки се обожавателките на возраст од 22 до 44 години, што нè доведува до следното прашање – ако Адел ја слушаат генерално постари, како реагираат на нејзината музика децата?

Авторите на каналот „Фајн брадрс“ на Јутјуб се погрижија да го добиеме одговорот и на тоа прашање, па за таа цел собраа група дечиња и им ги пуштија хитовите „Hello“ и „Rolling In The Deep“. Реакциите на децата се и повеќе од искрени – некои се воодушевени, некои ја помешаа со Кели Кларксон, додека едно момче рече дека не му се допаѓа бидејќи повеќе сака да ја слуша џез музиката од триесеттите години на минатиот век! Но, погледнете ја снимката и уверете се самите како децата реагираат на Адел…

 



Врати се горе ↑