Македонија

22 ноември, 2016

„Како да се радувам“ на Елена и Панчо е апсолутниот радиски хит за 2016 година

Дуетот Како да се радувам од Елена Ристеска и Панчо од ДНК беше прогласена за апсолутен радиски хит за 2016 година. Покрај оваа, во рамките вчерашното, 9. по ред издание на македонскиот радиски фестивал „МАРС 2016“, соработката на познатите пејачи ги освои и наградите Партнерство за хит и Најдобар текст на песна.

 

Со две награди дома си замина Александар Тарабунов, чија песна Дал има беше прогласена за Радиски хит изведен од машки вокал и Хит по избор за публиката, а во две категории триумфираше и Само таа знае како на ДНК, која е најдобриот ар-ен-би хит и хит изведен од група.

Младата пејачка Елена Миленковска ја доби наградата Ѕвезда што се раѓа, најнаградуваната фестивалска песна ја има Пепа Димитрова, чија балада „Барем јави се“ ја понесе наградата Фестивалски асови,  а најдобрата радиска балада (Плачат и најсилни) ја има Магдалена Цветкоска – Ена. „Бонбоната“ на Лозано е Радиски поп хит за 2016 година, а „Македонката“ на Влатко Илиевски е поп-рок хит со фолк или етно мотиви.

Наградата за трајни вредности и особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика во Македонија годинава отиде во рацете на авторот на евергринот „На Велигден“, Џина Папас Џокси.

img_0371-457x650

Во ревијалниот дел на „МАРС 2016“ настапија две еминентни музички имиња од регионот – српските поп диви Наташа Беквалац  и Гоца Тржан. Двете регионални музички ѕвезди ја понесоа наградата за најголема популарност во регионот, заради своите хитови, вокални квалитети но и медиумското присуство, а Тржан и како членка на жирито на популарното и многу гледано кај нас музичко талент шоу „Пинковите ѕвездички“, од кое излегоа неколку македонски таленти меѓу кои и годинешната македонска претставничка на детскиот „Евросонг 2016“, Мартија Станојковиќ.

Фондот на награди годинава беше зголемен за 20%, па така изведувачите чија песна е прогласена за апсолутен радиски хит на 2016 година (Како да се радувам – Елена Ристеска и Панчо) покрај вредните подароци во вид на козметички производи и накит, добива и парична награда од 72.000 денари. Изведувачот пак на песната која  добила најмногу лајкови од обожавателите на Фејсбук страницата на „МАРС 2016“ како нивен избор (Дал има – Александар Тарабунов) ќе добие и награда од 36.000 денари.

И конечно наградата од 18.000 денари ја понесе авторот на најдобар текст на една од финалните песни (Како да се радувам – Елена Ристеска и Панчо), награда за која традиционално одлучуваат естрадните новинари од дневните весници, естрадните магазини и интернет портали во Македонија. Сите останати изведувачи покрај бронзените статуетки и материјалните подароци од спонзорите добија и по 12.000 денари во вид на парична награда од организаторот.

img_0213-481x650

Домаќин и водител на главната сцена на деветтото фестивалско издание на „МАРС 2016“  овој пат беше Слободанка Илиева, која претходните години водеше од зад сцената, а од таму во неколку наврати се јави за да ја пренесе атмосферата, новинарката Марина Костова.

Заради познатите забрани на ЗАМП, „МАРС“ за прв пат не беше директно пренесуван, но националниот сервис МРТ ја снимаше манифестацијата и истата наскоро ќе ја емитува на своите програми. Сè на сè, деветтото издание на МАРС покажа дека и покрај сите премрежја со кои се соочува, македонската естрада е сè уште во добра кондиција да се носи со регионалните ѕвезди што докажаа нималку помалите аплаузи и овации при настапите на  домашните изведувачи на годинешната манифестација.

Додека очекуваме некои подобри времиња за да ја погледнеме снимката од годинешниот македонски радиски фестивал, дел од атмосферата погледнете во галеријата на „Вистина.мк“.

img_9726-768x512

Насловна фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑