Kajmakoski kao Tina Tarner, ep. 03. sez. 03. :)

Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on сабота, 26 март 2016

21 март, 2016

Кајмакоски воодушеви со имитацијата на Тина Тарнер

Во вчерашната епизода од емисијата „Твоето лице звучи познато“, нашиот претставник Даниел Кајмакоски доби мошне тешка задача – да ја имитира легендарната Тина Тарнер! Доволно е тешко да се имитира еден препознатлив вокал каков што е оној на познатата пејачка, а уште потешко е за еден маж да се преправи во жена. Но, се чини дека Кајмакоски одлично се снајде со оваа тешка задача, за што заслужено ја доби и победата, а паричната награда во вредност од илјада евра ќе ја донира во хуманитарни цели, односно за 12-годишниот Кики од Крушево, чија најголема желба е да оди на море.

Даниел во улога на Тина Тарнер ја изведе познатата Бондова песна „Golden Eye“, а веќе следната недела ќе го видиме како Горан Бреговиќ. Како изгледаше вчерашниот настап на Кајмакоски можете да погледнете во горе. Уживајте!

Извор и фотографија: Александар Крстовиќ, Prva.rs

 



Врати се горе ↑