17 мај, 2016

Кајмакоски воодушеви како Мајкл Џексон и влезе во финале!

Во полуфиналето од емисијата „Твоето лице звучи познато“, нашиот претставник Даниел Кајмакоски ја доби можеби најтешката задача досега – да го имитира славниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон. 32-годишниот пејач одлично се снајде и во оваа улога, а жирито беше воодушевено од неговата изведба на хитовите „Dirty Diana“ и „Thriller“.

Кајмакоски, со колаж-фотографија од претходните настапи, се заблагодари за досегашната поддршка, а дали ќе извојува уште една победа во регионално шоу ќе дознаеме во финалето в недела. Среќно!

дк

 



Врати се горе ↑