Kajmakoski kao Goran Bregović, ep. 04. sez 03. :)

Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on недела, 27 март 2016

29 март, 2016

Кајмакоски воодушеви како Брега, следната недела пак ќе биде жена

Во неделата вечерта, во новата епизода од емисијата „Твоето лице звучи познато“, нашиот Даниел Кајмакоски имаше уште еден одличен настап, овој пат имитирајќи ја познатата балканска ѕвезда Горан Бреговиќ. Пејачот го изведе големиот хит „Калашников“, за што повторно доби само позитивни критики од жирито, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе.

Во следната епизода Даниел повторно ќе имитира жена, а после победничкиот настап како Тина Тарнер, сега ќе го видиме и слушнеме како нашата ѕвезда Каролина Гочева. Сè уште не е познато која нејзина песна ќе ја отпее, па се надеваме дека ќе ја одбере „Не се враќаш“, чиј автор на музиката е самиот тој.



Врати се горе ↑