Македонија 10308550_10152559890925962_2298046915628181307_n

13 јуни, 2014

Кајмакоски во студио со Билбилов?

Момчето кое каде и да се појави го следи цела армија од „сонциња“, Даниел Кајмакоски деновиве снимаше во студиото на Роберт Билбилов. Токму Роберт на Фејсбук објави фотографија означена со хаштагот #Recordingsession, но сè уште не е познато дали познатиот композитор ќе се потпише како автор на новата песна на победникот на X Factor. Дека нивната соработка е полн погодок имавме можност да се увериме на неодамнешното 29-то издание на „Макфест“, кога Кајмакоски настапи во ревијалниот дел од втората фестивалска вечер, а Билбилов го придружуваше на пијано.

Додека ги очекуваме плодовите од оваа соработка, во продолжение уживајте со нивниот заеднички настап на „Макфест“.

 



Врати се горе ↑