Аудио daniel-kajmakoski

29 декември, 2014

Кајмакоски Ви ги честита празниците со „Silent Night“

Победите на „Х фактор“ и „Скопски фестивал 2014“, бројните награди, признанија, настапи и музички соработки направија 2014 година да биде една од најзначајните во животот на Даниел Кајмакоски. Скромното момче од Мислешево за кратко време стана миленик на целиот Балкан, па пред самиот крај на оваа мошне успешна година реши да им се заблагодари на своите сонциња, како поинаку, ако не со песна!

„Драги сонциња, фанови, пријатели и сите останати! Ви благодарам за сè што направивте за мене во изминатава година, која засекогаш ќе ја паметам! Ви посакувам многу здравје, среќа, љубов и душевен мир!“, напиша Даниел објавувајќи ја својата верзија на божиќната „Silent Night“, која ја отпеа на англиски, германски и македонски јазик, а сето тоа спакувано во видео честитката направена од „Сторителер“ Ве очекува во продолжение! Уживајте!

 

Уште една новост поврзана со популарниот пејач е тоа што темата Не могу против срца свог“, која ја отпеа за филмот „Ќе бидеме светски прваци“ е на првото место на регионалната топ листа „Домаќинка“ на „Ем-ти-ви“, а доколку сакате и понатаму да остане на оваа позиција, тоа можете да го направите ако гласате овде.



Врати се горе ↑