Видео dk

15 март, 2016

Кајмакоски в кревет со 30 убавици

Популарниот пејач, кој се прослави со учеството и победата на првото издание на регионалниот „Х фактор“, Даниел Кајмакоски неодамна го снимаше својот нов видео запис за темата „Само за љубав“, во кој ќе го видиме в кревет со дури 30 девојки.

„Атмосферата на снимањето на спотот беше одлична. Во него улоги добија преку триесет девојки, а на гитара, бас гитара и на тапани во спотот исто така свират дами. Сигурен сум дека момците ќе уживаат додека го гледаат овој видео запис, а девојките ќе ја препознаат искрената емоција која ја носи оваа песна“, откри Кајмакоски за српски „Блиц“.

dk2

На прашањето дали повеќе сака црнки или русокоси, Даниел одговорил дека не ги дели девојките според бојата на косата, а за тоа дали девојката ќе му се налути што цела ноќ на снимањето ја поминал со толку многу манекенки, тој додал: „Немам девојка, а и кога сум во врска, важно ми е поубавата половина да ми верува. Нема причина да биде поинаку.“

Инаку, пејачот во моментов е дел од новата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“, во кое минатата година второто место го освои нашата Елена Ристеска. Кајмакоски веќе имавме можност да го видиме во улога на хрватскиот музичар Џибони, со изведбата на неговиот хит „Миракул“, како и во улога на Бруно Марс, изведувајќи го со Греми наградениот мегахит „Uptown Funk“.

Извор и фотографии: Blic.rs



Врати се горе ↑