Македонија

25 април, 2016

Кајмакоски уште еднаш го освои врвот на Ем-ти-ви

Познатиот пејач забележа уште еден успех на регионалната топ листа на Ем-ти-ви, повторно искачувајќи се на самиот врв со неговиот актуелен сингл „Само за љубав“. Ова е трето прво место за Даниел Кајмакоски, кој претходно ја освои оваа позиција со минатогодишниот хит „10 лета“, како и со филмската „Не могу против срца свог“.

домачица

Покрај најавните синглови за неговиот долгоочекуван албум, Даниел периодов е актуелен и со учеството во емисијата „Твоето лице звучи познато“, каде што добива само пофални зборови за одличните имитации на познати пејачи и пејачки. Во новата епизода, која наместо вчера (недела), ќе се емитува вечерва, Кајмакоски заедно со Неша Бриџис ќе се појават во улога на членови од познатата група „Продиџи“.



Врати се горе ↑