Аудио lovefest-anthem

12 јули, 2014

Кајмакоски со „Љубовна стимулација“ за „Лав Фест 2014“

Овогодишното издание на „Фестивалот на љубовта“ кое ќе се одржи од 7-9 август во Врњачка бања, Србија, деновиве доби и своја официјална химна отпеана од момчето со најголем „Х фактор“ на Балканот, Даниел Кајмакоски. Имено, популарниот пејач го позајми својот вокал во песната насловена „Love Stimulation“ на Џон Јогурт, Калавера и Мања, која несомнено ќе биде голем хит летово.

Како што е познато, претстојниот фестивал ќе понуди забава со повеќе од 70 изведувачи на пет музички сцени и десет фестивалски зони. Од хаус и техно, преку хип-хоп, сè до познати регионални рок звуци, програмата нуди избор за сечиј вкус. Кој сè ќе настапи на „Лав Фест 2014“ можете да се потсетите овде, а официјалната химна можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑