30 октомври, 2014

Кајмакоски сними дует со Златните славејчиња

Даниел Кајмакоски сними песна со златните славејчиња, која ќе ја испее на „Златно славејче 2014“, што ќе се одржи од 14 до 19 ноември во Универзална сала во Скопје, во организација на Советот за грижи и воспитување деца на град Скопје. Песната се вика „За пријателите“ и нејзини автори се: композиторот Александар Митевски и текстописецот Огнен Неделковски. Пејачот, кој наскоро ќе го видиме и на претстојниот „Скопски фестивал 2014“деновиве заедно со дечињата вредно работи на пробите, а снимката која беше објавена на профилот на Детско Одморалиште Славејче, можете да ја погледнете горе.

Неодамна славејчињата снимија песна и со Ристо Самарџиев, а на темата насловена „Нема ништо посилно од љубовта“ можете да се потсетите овде.

Извори: Вистина.мк и Нова Македонија



Врати се горе ↑